Лига Европа

Мурињо: Неуспешните ајкули од ЛШ ќе дојдат во ЛE, ќе биде интересно

Жозе Мурињо е задоволен што по ремито со Бетис, Рома сама си ја решава судбината во Лига Европа, но потенцира дека оваа сезона ќе биде посебно интересна поради тоа што од Лигата на шампионите ќе се приклучат неколку гиганти.

Рома има четири бода од три кола во Лига Европа, но во последните две кола игра со Хелсинки на гостински терен и со Лудогорец дома, ако ги победи двата меча сигурно ќе се пласира во нокаут фазата.
 
„Имаме два натпревар да ги играме и да ги победиме, два нокаут меча, доколку не победиме ние сме во аут. Но тоа е добра работа, бидејќи само од нас зависи, не сме во позиција да чекаме некој друг резултат“, вели Жозе Мурињо.
 
Во Лига Европа како третполасирани од Лигата на шампионите ќе се приклучат повеќе гиганти, веројатно ќе бидат Барселона, Јувентус, Севиља, Ајакс, можеби Атлетико Мадрид.
 
Во Лига Европа се веќе Манчестер јунајтед, Арсенал, Рома, Лацио... па нокаут фазата ќе биде на едно многу високо и атрактивно ниво.
 
„Ние сакаме да дојдеме до второто место и да поминеме понатаму, но ако завршиме трети ќе бидеме кандидати за освојување на Конференциската лига. Но целта ни е да продолжиме во Лига Европа“.
 
„Неуспешните од Лигата на шампионите. Неуспешните ајкули ќе пристигнат во Лига Европа, тие ќе бидат големи. Ќе биде интересно“.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе