Имаше свое шоу пред „Џузепе Меаца“

Мурињо на паркингот пред стадионот ја славеше победата на Рома против Интер (ВИДЕО)

Жозе Мурињо имаше свое шоу на паркингот пред „Џузепе Меаца" и со силен крик ја славеше победата на Рома од 2-1 против Интер.

Жозе Мурињо беше суспендиран за дербито помеѓу Интер и Рома по црвениот картон на дуелот против Аталанта, но наместо да го следи натпреварот од трибините, „специјалниот“ реши случувањата да ги следи пред телевизор во автобусот кој беше паркиран пред стадионот.

Со головите на Дибала и Смолинг, „волчицата“ направи пресврт и стигна до победа над Интер, па „специјалниот“ имаше свое шоу на паркингот.

По последниот свиреж, Жозе Мурињо беше во прегратка на своите соработници и испушти силен крик. Стратегот потоа се упати во соблекувалната за да прослави со своите играчи.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе