ФИФА оваа недела ги доделуваше наградите „Д Бест“ и за тренер на годината беше прогласен Јирген Клоп. Предводникот на Ливерпул се заблагодари, но порача дека е изненаден од изборот.
Ханс Флик со Баерн Минхен сезоната ја заврши со тројна круна и триумф во Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите. Календарската 2020 беше збогатена со нови два трофеи, славје во Суперкупот на Германија и Суперкупот на Европа.
Изборот сега го прокоментира и Жозе Мурињо, кој во свој стил, иронично вели дека дека Баерн требал да измисли уште две-три натпреварувања за Ханси Флик да ја добие наградата, очигледно ПЕТ титули не се доволно.
„Мислам дека единствена шанса за Флик да ја добие наградата е Баерн ад измисли две-три натпреварувања на кои ќе победи. Можеби ако освои седум титули ќе има шанси за наградата, вака само со Лигата на шампиони, Бундеслигата, Купот на Германија, Суперкупот на Германија и Суперкупот на Европа... нема шанси“ – вели „специјалниот“.
„Кутриот Флик, може да биде најдобар тренер само ако Баерн успее да освои два-три трофеи повеќе“.
За најдобар тренер гласаат селекторите, капитените на репрезентациите, новинари ширум светот и навивачи. Во генералното бодување, Јирген Клоп и Ханси Флик биле во егал, двајцата имале по 24 бодови. Предвнодникот на Ливерпул сепак беше прогласен бидејќи добил повеќе гласови од селекторите.