Португалецот е разочаран од играта на неговиот тим

Мурињо: Да можев 11 замени ќе направев на полувреме

Жозе Мурињо е разочаран од играта на неговите фудбалери и вели дека сега многу полесно ќе му биде да го избира стартниот состав за следните натпревари.

Тотнем синоќа со 1-0 загуби на гостувањето кај Андерлехт, Мурињо направи дури девет замени во однос на тимот кој играше против Барнли, Португалецот беше видно разочаран од перфромансите на играчите. На полувремето направи дури четири замени.

„Фер е да се каже дека фудбалерите со лоши перформанси влијаат на тимот, но исто и тимот влијае фудбалерите да имаат индивидуално лоши перфроманси. Нема да оценувам индивидуално, барем не јавно, нема да кажувам имиња на фудбалери. Вие секогаш ми велите, зошто овој фудбалер не игра, зошто оној фудбалер не игра, можеби после овој меч неколку недели нема да добивам такви прашања“, вели Мурињо.

Знаете кој е нашиот најдобар тим. Јас секогаш сметам дека играчите заслужуваат шанса. Имаме широк состав со голем број на добри фудбалери. Моја одговорност е да им дадам шанси, но тие треба со две раце да ги зграпчат тие шанси и да бараат уште. Овој меч ми покажа дека мојот избор во иднина ќе биде многу лесен“.

„На полувремето сакав да направам 11 замени! Не направив пет затоа што пред нас беа долги 45 минути“.

„Само еден човек може да се обвини за поразот, тоа сум јас. Јас ги избирам играчите. На полувремето се обидов да ја подобрам ситуацијата, но не беше доволно“.

„Во првиот дел имавме повеќе простор за игра, во второто полувреме Антверпен ја смени тактиката, се затвори и беше потешко. На крајот подобриот тим победи, полошиот загуби“.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе