Во четвртото коло битолскиот тим дојде до втората победа во Европската лига откако денеска одигра моќна партија против Татабања и дојде до лесен триумф.
Неизвесно беше само во првите 10 минути, кога резултатот беше 5-5, но битолчани бргу создадоа разлика. Прво направија серија од 4-0, а потоа постигнаа и пет гола едноподруга за да дојдат до 16-7 пред паузата, на полувремето заминаа со водство од 17:9.
Во второто полувреме работите беа слични како и во првиот дел, битолчани доминираа беа подобри, ја зголемуваа предноста и на крајот славеа со 33:20.
Најдобар стрелец во тимот на Еурофарм Пелистер беше Мараш со шест голови, Табоада постигна пет, четири реализираше Мандалиниќ.
Еурофарм Пелистер сега има пет бода и во моментов е на првата позиција на табелата но има и натпревар повеќе од Ним и Спортинг Лисабон.