Лига на шампиони

Моќен старт на Ајакс и Спортинг во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Ајакс со 4-0 го прегази Глазгов Ренџерс во Амстердам, а Спортинг Лисабон со убедливи 3-0 го победи Ајнтрахт во Франкфурт. 

По нешто повеќе од половина час беше познато кој ќе биде победникот на мечот меѓу Ајакс и Ренџерс, домаќините за 33 минути веќе имаа водство од 3-0.
 
Резултатот го отвори Алварез во 17. минута, Бергуис во 32. погоди за 2-0, а во следниот напад гол даде и Кудус за 3-0.
 
На десет минути пред крајот Бергвејн ги постави конечните 4-0 за Ајакс.
 
 
Ајнтрахт Франкфурт доживеа дебакл на свој терен откако загуби со 3-0 од Спортинг Лисабон.
 
Мрежите мируваа до 65. минута кога Едвардс постигна гол за водство на Спортинг од 1-0, а само две минути подоцна Тринкао реализираше за 2-0, конечните 3-0 беа дело на Сантош во 82. минута.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе