Нови проблеми за Ливерпул

Мохамед Салах е позитивен на ковид-19

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах има позитивен тест на коронавирус, но нема симптоми, тој оди во самоизолација и веројатно ќе ги пропушти следните два меча на црвените. 

За време на репрезентативната должност кон Египет, Мохамед Салах бил тестиран позитивно на ковид - 19.
 
Веста ја потврди Египетската фудбалска федерациа и соопшти дека останатите членови на репрезентацијата се негативни.
 
Салах сега е во самоизолација и ќе ги пропушти наредните два натпревари на Ливерпул.
 
Тие го пречекуваат Лестер во сабота на 21 ноември, а во среда на 25 ноември, истото така на Енфилд играат меч против Аталанта во Лигата на шампионите.
 
Салах има одличен старт на сезоната со осум голови на осум натпревари.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе