Хрватот имал добра намера

Модриќ проговори за потегот со кој ги налути навивачите на Реал и откри зошто го заменил дресот со Мбапе

Лука Модриќ вели дека не жали што го разменил дресот со Килијан Мбапе по крајот на натпреварот помеѓу Франција и Хрватска, вели дека го сторил тоа бидејќи синот на Домагој Вида бил голем фан на напаѓачот и замолил да добие дрес.

Минатиот месец, Лука Модриќ го навлече гневот на навивачите на Реал Мадрид, откако на натпреварот помеѓу Франција и Хрватска побара да размени дрес со Килијан Мбапе.

Напаѓачот тогаш не беше омилен лик со оглед на тоа дека ги изигра „кралевите“ и наместо да се пресели на Сантијаго Бернабеу, продолжи со ПСЖ.

Лука Модриќ сега ја раскажа својата страна на приказната, вели дека го сторил тоа бидејќи синот на Домагој Вида бил голем фан на напаѓачот и замолил да добие дрес.

„Медиумите малку претераа, едноставно исполнував сон на едно детенце. Синот на Домагој Вида го обожава Мбапе и ме замоли да се обидам да го земам дресот на Мбапе. Го сторив тоа за синот на Вида, но би го сторил и за било кое друго дете“ – вели Хрватот.

Запрашан за случувањата околу иднината на Килијан Мбапе и пропаднатиот транасфер во Реал Мадрид, Лука Модриќ додава: „Мбапе донесе одлука каква што донесе, тоа е негово право и сега ќе треба да живее со таа одлука. Сите мислевме дека ќе дојде, но тоа не се случи и што сега? Сигурно нема да му судиме... Се работи за фантастичен фудбалер но никој не е поважен од еден клуб. Реал Мадрид е поголем од сите, Реал Мадрид е над сите и над секој фудбалер“.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе