Хрватот уште една сезона во дресот на „кралевите“

Модриќ не е Рамос, прифати едногодишен договор и продолжи со Реал

Лука Модриќ ја продолжи соработката со Реал Мадрид, Хрватот прифати едногодишен договор и се обврза кон „кралевите" до јуни 2023 година.

Флорентино Перез има политика на повозрасните фудбалери да им нуди едногодишни договори, Серхио Рамос минатата година сакаше да биде исклучок, бараше двегодишен договор, па откако не му беше исполнета желбата, дефанзивецот го напушти Реал Мадрид и се пресели во ПСЖ.

Но Лука Модриќ не е како Шпанецот, фудбалерот од средниот ред нема ништо против да стави потпис на едногодишен договор, па попладнево пристигна информација дека тој останува во Реал Мадрид и следната сезона.

„Реал Мадрид и Лука Модриќ постигнаа согласност за продолжување на договорот до 30. јуни 2023 година“ – гласеше краткото известување на „кралевите“.

Хрватот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2012, па следната сезона ќе биде негова единаесета во белиот дрес.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе