Квича Кварацхелија е најпријатното изнанедување во новата сезона, грузискиот фудбалер со своите игри во Серија А и Лигата на шампионите во дресот на Наполи, го привлече вниманието на фудбалската јавност.
Фабрицио Романо направи интервју со Кристијан Емил, еден од агентите кои работеле на трансферот на Кварацхелија.
Романо го интересираше како во денешно време никој од гигантите не успеа да го види квалитетот на Кварацхелија пред тој да потпише за Наполи.
Кварацхелија од 2019 до 2022 година играше за Рубин Казан, кога почна војната во Украина тој го раскина договорот со рускиот клуб и се пресели во Динамо Батуми од каде отиде во Наполи.
Емил во интервјуто вели дека Кварацхелија бил исто така импресивен во Рубин Казан како што е сега во Наполи. Руската лига е физички тешка и не е едноставно некој толку да отскокнува како што тоа бил Квича.
Но, според него клубовите од Европа се навикнати да пазарат играчи од проверени пазари како што се скандинавскиот, па и хрватскиот. Многумина фудбалери продадени од Хрватска се покажаа како успешни трансфер зделки, исто и од Србија. Но од Русија, а секако не и од Грузија, играчите не достигнуваат високи суми.
Тој открива дека имал муабети со поголеми клубови од Наполи, но тие само барале изговори како да не го купат грузискиот фудбалер. Веројатно сега жалат за тоа.
Романо и Емил веруваат дека Кварацхелија е играч кој може да достигне сума од 100+ милиони на пазарот. А доколку се спореди со Грилиш, зошто да не.