Премиерлига

Митровиќ му зема два бода на Ливерпул на стартот од сезоната (ВИДЕО)

Ливерпул се спасуваше од пораз на гостувањето кај Фулам, натпреварот заврши 2-2, тимот на Клоп испушти два бода на стартот од новата сезона во Премиерлигата. 

Ливерпул на Кревин Котиџ во Лондон отпатува како голем фаворит, но на крајот може да биде задоволен што дојде до бод.
 
Фулам имаше фуриозно отворање на мечот, го притисна Ливерпул, а тоа вроди со плод во 32. минута кога Митриовиќ погоди со глава за водство од 1-0.
 
 
Во 51. минута во игра влезе Дарвин Нуњез и внесе живост во играта на Ливерпул, почнаа да се редат шанси пред домашниот гол.
 
Во 64. минута по асистенција од Салах, Нуњез погоди со пета за израмнување на 1-1, тоа беше неговиот прв гол во Премиерлигата.
 
 
Но, Фулам брзо го врати водството, во 72. минута Ван Дајк го фаулираше Митровиќ во шеснаесетникот, судијата покажа пенал. Србинот погоди од белата точка и донесе водство за својот тим од 2-1.
 
 
На десет минути пред крајот Нуњез му врати на Салах со асистенција, а тој погоди за конечни 2-2.
 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе