Коронавирус кризата си го прави своето

Минатото лето Барса бараше 60 милиони за него, сега го нудат за да спасат некој милион при трансферот на Депај

„Каталонците" на Лион му го нудат Самуел Умтити за да ја намалат цената на Мемфис Депај, проблем е високата плата на дефанзивецот и големиот број на повреди.

Роналд Куман инсистира на ангажман на Мемфис Депај, па раководството на Барса е во контакт со Лион во обид да ја најдат идеалната формула за трансфер.

Последните гласини велат дека „каталонците“ го нудат Самуел Умтити за да ја намалат цената на Холанѓанецот. Според пишувањата на новинарот Џанлука Ди Марцио, се размислува за зделка од 20-25 милиони евра, плус услугите на дефанзивецот. Сепак, проблем е високата плата на Французинот, како и големиот број на повреди.

Минатото лето, дефанзивецот исто така беше на излезна врата, но тогаш Барселона постави цена од 60 милиони евра, и ниту еден клуб не беше подготвен да одвои ваква сума.

Во јануари се говореше дека Барса е подготвена двојно да ги намали барањата но ниту тоа не помогна, па сега Самуел Умтити се нуди за да спаси некој милион при трансферот на Мемфис Депај.

Во меѓувреме, Мемфис Депај порача дека наскоро ќе седне на маса со Лион да разговара за можниот трансфер на Камп Ноу.

„Треба да почекаме и да видиме што ќе се случи. Утре ќе разговарам со Лион. Знам дека има интерес, но не можам да кажам ништо повеќе, не сум разговарал ниту со мојот агент“ - изјави Холанѓанецот.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе