Лига на нации

Милевски: Тоа не беше црвен картон, заслуживме најмалку бод

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски е задоволен од пожртвуваноста на своите избраници и смета дека судијата погрешил кога на Тодоровски му покажал црвен картон. 

Македонија загуби со 1-0 од Бугарија во меч во кој од 14. минута игравме со фудбалер помалку поради црвениот картон на Тодоровски.
 
„Заслуживме најмалку бод за тоа што одигравме во второ полувреме. После меч дали можеше подобра замена, сега е лесно да се каже. Не го коментирам судењето, ама може да ја искоментирам ситуацијата. Престрого исклучување, зашто прво има контакт на топка, а после на играч, тоа може да се види“, рече Милевски.
 
„Тоа што го одигравме во мундо квалификации е зад нас, ни дава за право да веруваме дека сме на добар пат, без оглед на откажување и проблемите со фудбалерите, пред се натпреварувачка форма, да не зборам за минутажа, а да не зборуваме во која форма се фудбалерите. Со Грузија одигравме одлично, вечерва според мене момците покажаа голема желба за победа. Немам што да им замерам“.
 
„Има потенцијал во овие момци, во период на транзиција, овие што доаѓаат мора да се стекнат со искуство, за да да бидат на располагање“.
 
„Можеме да се надеваме дека ќе се наметнат таму во своите клубови, истите фудбалери со фул минутажа и во натпреварувачка форма. Таа е ралната ситуација, мора да сме свесни, затоа нема што да им замерам. Друго е да играш со Грузија и Бугарија во добра форма со полна минутажа во нозе, а друго со 15-20 или воопшто минути и да одиграш вака. Ќе ги анализираме моментите, грешките во одбраната. Од наш корнер примаме гол, тоа се моменти на деконцентрација, која доаѓа од недоволна физичка подготвеност и недоволна форма“.
 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе