Србинот бил идеален напаѓач за неговата формација

Милан на Рангник му обезбедил трансфер буџет од 100 милиони евра, прва желба е Лука Јовиќ

Според пишувањата на Спортмедиасет, раководството на Милан му ветило 100 милиони евра за засилувања на Ралф Рангник, прва желба ќе биде Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

EPA-EFE/JuanJo Martin

Милан ги финализира преговорите со Ралф Рангник, Германецот на Сан Сиро ќе добие двојна улога, ќе биде тренер и спортски директор.

Според пишувањата на Спортмедиасет, стратегот го чека трансфер буџет од 100 милиони евра за кроење на тим по негова мерка.

Прва желба е Лука Јовиќ од Реал Мадрид. Напаѓачот се покажа како промашување по трансферот од 60 милиони евра на Сантијаго Бернабеу, но Ралф Рангник верува дека Србинот е перфектен голгетер за неговата формација и дал наредба да се пронајде договор со „кралевите“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JuanJo Martin

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе