Билд ги откри деталите

Милан и Ајнтрахт убаво ја изиграле Фиорентина со трампата Ребиќ-Силва

Билд ги открива деталите од трампата помеѓу Милан и Ајнтрахт Франкфурт со која Анте Ребиќ и Андре Силва ги променија средините, Фиорентина остана пократка за десетици милиони евра поради структурата на зделката.

Летото во 2019, Анте Ребиќ се персели на „Сан Сиро“ а Андре Силва на „Дојче Банк Парк“. Трансферите се водеа како позајмица со опција играчите да биде во целост купени и тогаш се шпекулираше за суми помеѓу 25 и 30 милиони евра. 

Во септември оваа година, Милан и Ајнтрахт Франкфурт соопштија дека ги активираат опциите во целост да ги купат играчите, но детали од зделките не беа соопштени. 

Според пишувањата на Билд, Милан за услугите на Анте Ребиќ платил 5 милиони евра, додека пак Ајнтрахт Франкфурт платил 3 милиони евра за Андре Силва. 

Трансферите вака се структуирани за Фиорентина да добие што е можно помалку пари. На „виолетовите“ им следуваат 50% од трансферот на Анте Ребиќ и наместо да добијат 12,5 до 15 милиони евра, ќе инкасираат скромни 2,5 милиони евра.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе