Серија А

Милан го понижи Лацио на Олимпико и го исфрли од борбата за титулата (ВИДЕО)

Милан неочекувано убедливо со 3-0 победи на гостувањето кај Лацио кој полека но сигурно го губи чекорот со Јувентус во трка по шампионската титула. 

Лацио влезе како фаворит во дуелот со Милан кој во минатото коло едвај се спаси од пораз против СПАЛ, но вечерва како да беше некој друг тим на теренот.
 
Милан дојде во водство во 23. минута со гол на Чалханоглу, а десетина минути подоцна Ибрахимовиќ од пенал го зголеми водството на 2-0.
 
Во 59. минута Анте Ребиќ постигна гол за конечни 3-0, тоа беше негов девети гол во последните 11 натпревари од Серија А.
 
Милан можеше да слави и уште поубедливо но Тео Ернандез промаши две неверојатни шанси за гол во финишот од мечот.
 
По овој пораз на осум кола до крајот Лацио има седум бода помалку од Јувентус, тешко дека ќе можат да ја надополнат таквата негатива. Милан е шесто место од кое може да биде симнат утре ако Наполи ја совлада Рома.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе