Куп на Македонија

Михајлов: Утре нема фаворит, ќе го дадеме максимумот за да го освоиме трофејот

Тренерот на Силекс, Горазд Михајлов вели дека Силекс ја исполнил целта за оваа сезона, експресно се врати во Прва лига, а сега кога веќе им се укажа шанса за трофеј, ќе го нападнат Купот на Македонија кој го освоија минатата сезона. 

Иако е актуелен освојувач на Купот на Македонија, Силекс минатата сезона испадна од Првата лига. Кратовскиот тим се прошета во второлигашката конкуренција, експресно се врати во елитата, а притоа и успеа да се пласира во финалето од Купот на Македонија кое се игра утре од 18 часот.
 
Тренерот на Силекс, Горазд Михајлов вели дека Македонија Ѓорче Петров можеби има мала предност затоа што доаѓа од повисок ранг, но тие ќе го дадат максимумот за да го освојат трофејот.
 
„Сите знаете дека Силекс минатата сезона испадна, меѓутоа го освои Купот и ние сме бранители. Ние сме прв второлигаш во едно финале и да го брани трофејот. Како екипа се собравме минатата сезона, работите во Втората лига ги си завршивме со време и тоа ни беше приоритет. Верувам дека кој и да игра утре ќе го даде максимумот“, вели Михајлов.
 
„Го респектирам противникот, до последното коло беше во игра за Европа преку лигата, па така и Македонија Ѓ.П. си ја гледа својата шанса преку Купот. Ни се отвори шанса да играме за титула, тука сме и верувам дека пред се ќе победи фудбалот, а кој ќе биде подобар, ќе видиме. Фаворитската улога не би требало некому да му се дава, затоа што ова е финале и се е отворено. Меѓутоа, блага предност има противникот, затоа што тие, сепак, доаѓаат од повисок ранг. За мене ова е трето финале, едно освоив, едно загубив со Тетекс, па зошто да не биде трета среќа?“.
 
Слично размислува и капитенот на Силекс, Даниел Божиновски.
 
„Од почетокот на сезоната претрпевме промени во тимот. Нашиот тим 95% е составен од нови играчи и фудбалери за разлика од минатата сезона. Со тек на времето, полека се воигравме, направивме резултати како што посакувавме. Приоритет ни беше влезот во Првата лига, тоа и го остварвме. Предизвик ни беше да дојдеме до финалето на Купот, еве го и тоа, па знам дека секој ќе го даде максимумот“, вели Божиновски.

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе