КУП НА ШПАНИЈА

Меси со нова мајсторија од слободен удар ја однесе Барса во четвртфинале од Копа дел Реј (ВИДЕО)

Барселона предводена од триото „МСН" славеше со 3-1 во реваншот против Атлетик Билбао и се пласираше во четвртфиналето од Копа дел Реј

„Каталонците“ ја надополнија негативата од гостувањето на Сан Мамеш и го продолжија настапот во Купот на Шпанија.

Вечерва на Камп Ноу, избраниците на Луис Енрике славеа со 3-1 над Атлетик Билбао.

Резултатот го отвори Луис Суарез во 35. минута, за Уругваецот ова беше погодокот број 100 во дресот на Барселона.

На стартот од вториот дел, Нејмар од пенал зголеми на 2-0, но неколку минути подоцна гостите се вратија во игра преку Саборит.

Сепак, Лео Меси се погрижи Барса да ја врати предноста од два гола, Аргентинецот во 78. минута од слободен удар итро биеше во аголот на голманот Ираизоз за победа од 3-1.

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе

На заштитата на животната средина треба да се гледа како на животно важен дел од управувањето на државата.

повеќе