Лига 1

Меси конечно даде гол во Лига 1, ПСЖ го победи Нант (ВИДЕО)

Лионел Меси го постигна својот прв гол во француското првенство, ПСЖ со 3-1 славеше над Нант, Кејлор Навас доби црвен картон. 

ПСЖ и Нант одиграа интересен меч во кој Меси го даде својот прв гол во Лига 1. Аргентинецот погоди во 87. минута и ги постави конечните 3-1.
 
 
ПСЖ имаше фуриозен старт на мечот, Мбапе уште во втората минута донесе водство од 1-0.
 
Во 65. минута поради старт надвор од шеснаесетникот Кејлор Навас доби црвен картон, домаќините останаа со играч помалку.
 
Нант го искористи тоа и десет минути подоцна преку Коло Муани го израмни резултатот.
 
ПСЖ го врати водството во 81. минута кога Апиа си постигна автогол, а шест минути подоцна Меси ги постави конечните 3-1.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе