Лео Меси ја одбработува последната година од договорот со ПСЖ и се очекува по крајот на мундијалот во Катар да донесе одлука за својата иднина. Се верува дека „светците“ сакаат да го задржат, Барселона исто така крои планови да го врати на Камп Ноу, а Интер Мајами се обидува да им ги помати сметките на европските гиганти.
Како што пренесува Тајмс, Лео Меси е многу блиску до договор со Интер Мајами и ќе стане најплатениот фудбалер во историјата на МЛС.
Клубот кој е во сопственост на Дејвид Бекам исто така размислува за ангажман на уште неколку звучни имиња, кои добро ќе се вклопат во стилот на игра на Лео Меси. На радарот на Интер Мајами се Луис Суарез и Сеск Фабрегас, кои се добри пријатели на Аргентинецот, тројцата често летуваат заедно со сопругите и децата.