Во Барселона внимателно следат

Меси има пакт со ПСЖ, еве што договорил напаѓачот со „светците“

Новинарот Ману Саиз открива дека Лео Меси има пакт со ПСЖ, Аргентинецот по Светското првенство во Катар може да прави што сака и да го напушти клубот уште во јануари.

Иднината на Лео Меси повторно е актуелна откако оваа недела од Аргентина пристигна бомба и најава за враќање на напаѓачот во Барселона.

Добро упатениот Фабрицио Романо пак излезе со поразлична информација и пренесе дека Лео Меси се уште нема донесено одлука за својата иднина и тоа ќе го стори во 2023 година.

Новинарот Ману Саиз сега говори за пакт помеѓу Лео Меси и ПСЖ, Аргентинецот по Светското првенство во Катар може да прави што сака.

„Информациите кои ги добив велат дека во Барселона се свесни дека Меси има договор со ПСЖ според кој, доколку Лео посака да замине во јануари, може да го стори тоа. Тој има пакт со „светците“. Кога Светското првенство во Катар ќе заврши, Лео Меси може да прави што сака со својата иднина“ – вели Ману Саиз.

„Во Барселона сметаат дека нема шанси Лео да стави потпис на нов договор. Информациите кои ги има Барса се дека Лео умира да замине од Париз“.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе