Лео Меси нема да настапи против Оксер на 13. ноември, последниот натпревар на ПСЖ пред Светското првенство.
Новинарот Андрес Јосен вели дека напаѓачот побарал од тренерот Кристоф Галтие де биде ослободен од обврските кон ПСЖ веќе на стартот од следната недела за да може да посвети повеќе време на Аргентина пред мундијалот.
Наводно во неговиот договор има клаузула која им дава приоритет на „гаучосите“.
Сепак, Радио Монте Карло вели дека до овој момент Лео Меси не испратил никакво барање до Кристоф Галтие и ПСЖ.