Австралија опен

Медведев имаше негатива од два сета, спаси и меч топка и успеа да се пласира во полуфинале

Данил Медведев по голема борба во пет сега со совлада Оже Алиасим и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен. 

Во отсуство на Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев е главен фаворит за освојување на Австралија опен, но Русинот и денеска добро се испоти за да го добие мечот. Оже Алиасим може да жали за поразот.
 
Младиот Канаѓанец одлично го почна мечот, ги доби првите два сета со 7-6 и 6-3.
 
Медведев успеа да го добие третиот сет во тајбрејк со 7-6 (2) и се врати во мечот, но работата за малку ќе беше завршена во четвртиот сет. Тогаш При сервис на рускиот тенисер, Оже Алиасим имаше меч топка која не успеа да ја искористи. Медведев сетот го доби со 7-5 и израмни на 2-2.
 
Во петтиот решавачки сет Медведев славеше со 6-4 и на крајот победи со 3-2 за пласман во полуфиналето.
 
Во полуфиналето Медведев ќе игра против Циципас кој претходно лесно со 3-0 го совлада Синер.
 
Во другото полуфинале играат Рафа Надал и Матео Беретини.
 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе