И ПОРТУГАЛЕЦОТ ЗАТАЈУВАЛ ДАНОК

Медиумите најавуваат голем скандал, Роналдо прикрил 150 милиони евра!

12 европски весници кои ги истражуваат документите објавени од „Фудбал Ликс" пишуваат дека Кристијано Роналдо е инволвиран во голем скандал на затајување данок и перење пари

Првичниот извештај говори дека ѕвездата на Реал Мадрид сокрил 150 милиони евра во даночни раеви како Швајцарија и Британски Девствени Острови.

Весниците велат дека има докази кои покажуваат дека Кристијано Роналдо затајувај данок и перел пари преку мрежа на компании поставена од неговиот агент Жорж Мендеш.

Според нив спорни се договорите за продажба на имиџ правата на Португалецот.

Првиот е направен во 2009 со компанија која е основана на Британските Девствени острови со цел да се избегне плаќање на данок и донел приход од околу 74,8 милиони евра во следните пет години.

Во 2015, имиџ правата на Кристијано Роналдо биле купени од две нови компании од Карибите, и била платена сума од 75 милиони евра за до 2020.

Зделката била направена од компанијата Минт Капитал, која се поврзува со бизнисменот Питер Лим (сопственикот на Валенсија и добар пријател на Жорж Мендеш) а парите завршиле на сметка на играчот во банка во Швајцарија.

Покрај Кристијано Роналдо, слична шема Жорж Мендеш поставил и за уште двајца негови клиент, Жозе Мурињо и Радамел Фалкао.

Менаџерот на Манчестер јунајтед наводно прикрил 12 милиони евра кои се на сметка во банка во Швајцарија која е во сопственост на компанија школка регистрирана на Британски Девствени Острови.

Се најавува дека во следните три недели ќе биде откриени повеќе детали, а во исто време се огласи и копманијата Жестифуте на Жорж Мендеш.

Во соопштението испратено до медиумите, Жестифуте вели дека Роналдо и Мурињо ги подмириле сите даночни обврски и најавија тужби доколку медиумите продолжат со обвинувањата.

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе