Мбапе синоќа имаше фантастичен меч, даде хет-трик уште во првото полувреме, а до крајот на мечот постигна и уште еден гол во победата од 8-0 над Казахстан.
Минатото лето беше тешко за Мбапе, промаши одлучувачки пенал против Швајцарија на ЕП, а не успеа ниту да направи трансфер во Реал Мадрид и покрај неколкуте понуди од шпанскиот клуб.
Французинот вели дека овие работи го направиле посилен, тие биле тест за неговата ментална силина.
„Тоа што ми се случи ова лето, ме направи посилен. Промашувањето на одлучувачкиот пенал против Швајцарија, па пропаднатиот трансфер, го ставаат вашиот ум и вашите вештини на тест до крајни граници. Одговорив на најдобар можен начин“, вели Мбапе.
„Сега имам повеќе самодоверба од претходно, но скромен сум и посветен да одиграм добра сезона. Знам за што сум способен. Работам напорно“.
„Мојата иднина? Не знам уште. Во Париз сум. Веќе поминав пет одлични години тука, уживав во секој момент и продолжувам тоа да го правам“.
Се верува дека ПСЖ нема да успее да го убеди Мбапе да го продолжи договорот и тој следното лето ќе стане играч на Реал Мадрид.