Мбапе ја објасни одлуката

Мбапе: Сонував да го носам дресот на Реал Мадрид, но одлучив да останам во Франција

На денешната прес-конференција по повод потпишувањето на новиот договор со ПСЖ, Килијан Мбапе побара и разбирање од фановите на Реал Мадрид. 

Тој признава дека минатото лето сакал да си замине од ПСЖ, но во меѓувреме работите се промениле, па решил да остане.
 
„Сите знаат дека сакав да си одам минатото лето, тоа беше најдобра можна одлука во тоа време. Но помина една година и тоа се промени. Знам што можам да ѝ донесам на мојата земја, земјата во која сонував да играм. Има емотивен момент кон мојата земја. Проектот се промени и мислам дека мојата приказна не заврши тука“, вели Мбапе.
 
„Одлуката ја донесов минатата недела и не им кажав на соиграчите. Потоа му се јавив на Флорентино Перез. Имам голема почит кон Реал Мадрид, тие направија се, ми ги дадоа сите услови и благодарен сум им. Имав обврска да им се јавам и лично да им кажам“.
 
„Пред една година не мислев дека сега ќе бидам тука. Сега потпишав нов договор. Тоа е лична одлука. Не гледам во иднината, не знам каде ќе бидам за три години. Важно ми е сега што сум овде“.
 
„Отсекогаш сонував да го носам дресот на Реал Мадрид. Го облекував кога имав 14 години. Им благодарам на фановите и разбирам дека се разочарани. Се надевам дека ќе ја разберам одлуката да продолжам во мојата земја. Јас сум Французин, сонувам да ја видам Франција на врвот“.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе