Една од причините поради кои сакал да замине од ПСЖ

Мбапе се налутил зошто платата му доцнела неколку дена

Медиумите од Франција пренесуваат дека Килијан Мбапе минатиот месец се налутил откако платата му доцнела неколку дена, и ова била една од причините за неговото незадоволство и желба да замине од ПСЖ.

Минатиот месец се појавија многу гласини за заминување на Килијан Мбапе од ПСЖ, се говореше дека напаѓачот бил разочаран поради неисполнетите ветувања кои му биле дадени кога го продолжил договорот.

Л'Екип сега додава дека имало и друга причина зошто напаѓачот изразил незадоволство, односно му доцнела платата неколку дена.

Килијан Мбапе бил изненаден кога видел дека септемвриската плата не била легната на сметката во договореното време. Кога гласините за трансфер почнаа да се појавуваат на 11. октомври, платата се уште не била префрлена.

Еден или два дена подоцна, дел од платата била префрлена. Луѓето кои се грижат за кариерата на Килијан Мбапе побарале одговори од ПСЖ, но не биле задоволни од објаснувањата кои ги добиле (проблем со сметките/проблем со Финансискиот фер плеј).

Во меѓувреме проблемот е надминат, од таборот на ПСЖ за Л'Екип брифираат дека целата плата и бонуси кои му следувале на Килијан Мбапе се исплатени со напомена дека како и во сите други клубови, некогаш има задоцнување на исплатите.

Се верува дека бруто платата на Килијан Мбапе е околу 70 милиони евра.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе