„Марка“ тврди

Мбапе одлучил, оди во Реал Мадрид

Шпанскиот весник „Марка“, тврди дека Реал Мадрид и Килијан Мбапе се договориле, тој од следната сезона ќе го носи белиот дрес на кралскиот клуб. 

Мбапе синоќа на гала вечерта на францускиот фудбал, рече дека донел одлука за својата иднина, но се уште нема да ја соопшти.
 
„Марка“ тврди дека одлуката на Мбапе е Реал Мадрид, тој постигнал договор со кралскиот клуб и покрај огромниот притисок кој го имал во Франција.
 
Мбапе имаше притисок од челниците на ПСЖ, од фановите, па дури и од политичарите како Макрон, но успеал да одолее на сето тоа и да се договори со Реал Мадрид.
 
Флорентино Перез ја искористил желбата на Мбапе да игра за Реал Мадрид и со умешни преговори успеал да го договори неговиот потпис.
 
Реал Мадрид ќе молчи за договорот со Мбапе се додека самиот фудбалер прво не потврди дека ќе го напушти ПСЖ.
 
Мбапе ќе потпише петгодишен договор со Реал Мадрид, ќе има огромна откупна клаузула, а неговата плата ќе биде значително помала од тоа што му го нудеше ПСЖ.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе