Крај на сагата

Мбапе одлучил и му кажал на Перез, останува во ПСЖ

Сите големи медиуми пишуваат дека одлуката на Килијан Мбапе е да остане во ПСЖ, му се јавил на Флорентино Перез и лично му го соопштил тоа, тој ќе стави потпис на нов тригодишен договор. 

Крај на сагата, Килијан Мбапе останува во ПСЖ, ќе потпише договор до 2025 година, а својата одлука официјално би требало да ја соопшти вечерва по завршување на мечот против Мец.
 
Мбапе лично му се јавил на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и му кажал дека ќе остане во ПСЖ.
 
Според некои новинари, Мбапе рекол дека ова била најтешката одлука во неговиот живот досега.
 
Реал Мадрид не тргна по Халанд чекајќи го Мбапе, но тој ги одбра парите наместо да го следи својот сон и да го облече дресот на најпрестижниот клуб во историјата.
 
Некои велат дека Реал Мадрид се чувствува изневерено и можеби нема да му дадат нова шанса во иднина да потпише за нив. 

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе