Во воведниот натпревар од 12. коло во Лига 1, ПСЖ со три гола и три бода си замина од гостувањето кај Ајачио.
Килијан Мбапе и Лео Меси беа главни актери на теренот, Аргентинецот два пати му асистираше на Французинот, кој еднаш ја возврати услугата.
Двајцата исто така креираа страшна акција во која си поиграа со последната линија на противникот, Мбапе атрактивно проигра со пета, а Меси на мал простор го издрибла голманот и практично со топка влезе во голот.