Серија А

Матиќ ја спаси Рома од пораз, Белоти промаши пенал против „својот“ Торино (ВИДЕО)

Рома одигра 1-1 на Олимпико против Торино во натпревар со возбудлива завршницата, Андреа Белоти не реализираше пенал против својот поранешен тим. 

Рома во најголемиот дел од мечот играше лошо, а тоа резултираше со примен гол од Линети во 55. минута.
 
Таквата игра на волчицата продолжи се до 70. минута кога во игра влезе Пауло Дибала и ја размрда Рома.
 
Тимот на Мурињо конечно нападна како што требаше, почнаа да се редат шансите, но гол немаше. 
 
Во 92. минута Белоти имаше шанса од пенал да му даде гол на Торино, но ја погоди стативата. Несфатливо е зошто токму тој сакаше да шутира против тимот каде помина најголем дел од кариерата.
 
Две минути подоцна Дибала ја погоди пречката, топката се одби до Матиќ кој шутираше од далечина и даде гол за 1-1.
 
Во финишот од мечот Мурињо доби црвен картон, па Рома во следниот меч ќе биде без Португалецот на клупата.
 
Во останатите натпревари од овој термин Монца со 3-0 ја победи Салернитана, Специја со 2-1 славеше на гостувањето кај Специја.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе