Изборот донесе многу дебата и негодување

Матеус разочаран од изборот Меси да ја добие „Златната топка“: Повеќе ништо не разбирам

Легендата на Германија, Лотар Матеус вели дека не го разбира изборот на Лео Меси за најдобар фудбалер во годината, смета дека Роберт Левандовски требал да ја добие „Златната топка".

Синоќа во Париз се одржа церемонијата на која магазинот Франс Фудбал ги избираше најдобрите за изминатата сезона. Педри беше избран за најдобар млад фудбалер, Донарума за најдобар голман а престижната „Златна топка“ му припадна на Лео Меси, избор кој предизвика голема дебата и негодување кај љубителите на фудбалот.

Многумина сметаат дека наградата требала да заврши во рацете на Роберт Левандовски, кој имаше извонредна сезона, постигна 41 погодок во Бундеслигата и го сруши рекордот на Герд Милер стар речиси 50 години.

„Да бидам искрен, повеќе ништо не разбирам“ – вели Лотар Матеус, кој во 1990 ја доби „Златната топка“.

„Со сета почит кон Лео Меси и останатите големи играчи, никој не ја заслужи „Златната топка“ повеќе од Роберт Левандовски. Тој го собори рекордот на Герт Милер, постигна повеќе погодоци од сите други“.

„Да, Меси триумфираше со Аргентина на Копа Америка, но е прилично блед во Париз“.

Роберт Левандовски од Париз си замина со утешното признание за најдобар голгетер, награда која прв пат беше доделена оваа година.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе