Поранешниот играч на Ливерпул и Барселона се пензионираше

Маскерано кажа доста е, крај на фудбалската кариера

36-годишниот Маскерано објави дека се пензионира од фудбалот, човекот кој остави печат во Ливерпул и Барселона става крај на кариерата.

Поранешниот играч на Ливерпул и Барселона, Хавиер Маскерано објави дека се пензионира од фудбалот, последен негов клуб беше Естудијантес.

Маскерано кој има најмногу настапи за аргентинската репрезентација во нејзината историја, на прес конференција ја соопшти одлуката.

„Сакам да соопштам дека денеска се пензионирам од активното играњ фудбал. Сакам да му заблагодарам на овој клуб кој ми даде шанса да ја завршам кариерата во Аргентина“, вели Маскерано.

Маскерано имаше контроверзно доаѓање во Европа, откако изненадувачки во последен ден до преодниот рок во 2006 година заедно со Карлос Тевез потпиша за Вест Хем.

Брзо потоа замина за Ливерпул каде што играше до 2010 година кога премина во Барселона и таму се задржа дури осум години. Потоа замина на печалба во Кина, па се врати во родната Аргентина и ја заврши кариерата во Естудијантес. За националниот тим има одиграно 147 натпревари, никој повеќе од него не го облекол сино-белиот дрес на аргентинската репрезентација.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе