Екс-играчот на Манчестер јунајтед беснееше

Маркос Рохо делеше боксови па го зема противпожарниот апарат и сакаше да мава со него! (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо беше еден од главните актери во мешаницата по крајот на натпреварот помеѓу Атлетико Минеиро и Бока Јуниорс, дефанзивецот во еден момент го зема противпожарниот апарат и сакаше да мава со него.

Крајот на натпреварот помеѓу Атлетико Минеиро и Бока Јуниорс во Копа Либертадорес донесe луди сцени. Гостите ги загубија нервите по елиминацијата на пенали, тешко се помирија со поништениот гол во регуларниот дел при резултат 0-0, па настана хаос во тунелот кон соблекувалните и просторот каде требаше да се даваат интервјуа.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо беше ден од главните актери. На едно видео се гледа како дефанзивецот му удира боксови на човек од персоналот на Атлетико Минеиро.

На друго видео, Маркос Рохо го зема противпожарниот апарат кој беше поставен на ѕид и сакаше да мава со него.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе