Левиот бек конечно потпиша за „каталонците“

Маркос Алонсо уште еден на листата фудбалери кои играле и за Барселона и за Реал Мадрид

„Каталонците" го потврдија трансферот на Маркос Алонсо, левиот бек стана дел од листата на играчи кои го носеле дресот на двата лути ривали, Барселона и Реал Мадрид.

Барса го комплетираше тимот за новата сезона откако вечерва потпиша со Маркос Алонсо. Левиот бек синоќа доби раскин на договорот со Челси, па можеше и надвор од преодниот рок да се пресели на Камп Ноу.

Спротивно на претходните написи дека левиот бек ќе се обврзе на три години со „каталонците“, тој доби договор до 30. јуни 2023 година и откупна клаузула од 50 милиони евра.

Маркос Алонсо е продукт на школата на Реал Мадрид, има и еден настап за првиот тим на „кралевите“ па ќе биде ново име на листата со фудбалери кои го носеел дресот на лутите ривали.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе