Пред речиси две недели, светот беше потресен од веста за смртта на Диего Армандо Марадона. Обвинителството води истрага дали можел да спречи немилиот настан и дали има небрежност од страна на докторите.
Стефано Чечи, кој беше негов близок пријател и соработник, во разговор со Ла Република вели дека смртта на Аргентинецот можела да се предвиди.
„Не бев во негова близина кога почина, ковид-19 ме спречи, Аргентина е затворена за странци. Последен пат се слушнавме една недела пред да прави операција, разговаравме на Фејстајм. Милсам дека Диего на крајот крена раце. Подолго време беше уморен од животот, беше во депресија. Карантирите и сите ристрикции поради пандемијата му зададоа финален удар. Можеби имало грешки при третманот и небрежност, но пред една година ми рече, „Танито, уморен сум, ќе им се придружам на мајка ми и татко ми, ми остана уште малку““ - вели Чечи.