Бараж за пласман на СП
Манчини: Многу тешка ждрепка, Македонија е добар тим

Никој не е задоволен од ждрепката во нашата група. Италија и Португалија се свесни дека една селекција од нив сигурно нема да оди на Светското првенство.
Селекторот на Италија, Роберто Манчини не не потценува ни нас, вели дека сме добра екипа.
„Многу тешка ждрепка за нас. Македонија е добар тим, ако победиме ќе го играме финалето во гости против Португалија или Турција кои исто така се силни противници“, вели Манчини веднаш после ждрепката.
Фудбал
Објавено на
26 Ноември 2021 - 17:57