11 погодоци на воведните два меча од 3. коло во ЛШ

Манчестер Сити убедлив против Бриж, Спортинг го освои Истанбул (ВИДЕО)

Манчестер Сити славеше со убедливи 1-5 на гостувањето кај Клуб Бриж и им се врати на победите во Лигата на шампиони, Спортинг си замина од Истанбул со три бода и победа од 1-4 над Бешикташ.

Вечерва стартуваше 3. коло во Лигата на шампионите, љубителите на фудбалот видоа 11 погодоци на два меча.

Клуб Бриж дома одигра 1-1 со ПСЖ на стартот, но вечерва убедливо загуби во пресметката со Манчестер Сити, гостите стигнаа до триумф од 1-5.

Резултатот беше отворен по половина час игра, Фоден испрати одлична топка за Кансело, кој го матираше Мињоле за 0-1. Пред крајот на првиот дел, Марез од пенал донесе 0-2 и најави славје на „граѓаните“.

На стартот од второто полувреме, Вокер реализираше за 0-3, а во 67. минута, нововлезениот Палмер прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 0-4. Ванакен во 81. минута постигна почесен гол за домаќините, а конечните 1-5 беа дело на Марез во 84. минута.

На вториот натпревар од 18:45 часот, Спортинг си замина од Истанбул со три бода и победа од 1-4 над Бешикташ.

Коатес го отвори резултатот по 15 минути игра, Ларкин изендачи на 1-1, но Спортинг веднаш се врати во предност со вториот гол на Коатес во 27. минута. Пред крајот на првиот дел, Сарабија реализираше за 1-3. Во последните мигови од мечот, Паулињо ја потврди победата и погоди за 1-4.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе