Премиерлига

Манчестер Сити лесно се справи со Брајтон (ВИДЕО)

Манчестер Сити со убедлива победа од 4-1 ги освои трите бода од гостувањето кај Брајтон. 

Фудбалерите на Пеп Гвардиола рутински си ја завршија задачата кај Брајтон.
 
Со два гола на Фоден и еден на Гундоган веќе по првото полувреме имаа водство од 3-0.
 
Во вториот дел Брајтон се покажа во многу подобро издание, но погодија само еднаш, од пенал преку Мекалистер во 80. минута.
 
Конечните 1-4 беа дело на Ријад Махрез во 95. минута од мечот.
 
Во моментов Манчестер Сити е втор со два бода зад Челси, и два пред Ливерпул, но црвените утре го играат својот меч.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе