Пеп Гвардиола и Манчестер Сити последен пат во Карабао Купот загубиле во октомври 2016 година, отогаш имаат 18 победи и три трофеи во ова натпреварување.
Дека нема да му биде лесно на Арсенал се виде уште во третата минута кога Габриел Жесус погоди за водство на Сити од 1-0.
Арсенал успеа да се врати, во 31. минута Александре Лаказет го изедначи резултатот на 1-1.
Но, по девет минути игра во вториот дел, Махрез од слободен удар го врати водството на Арсенал, катастрофална реакција на голманот Рунарсон.
Пет минути подоцна Фоден зголеми на 3-1, а во 73. минута Лапорте ги постави конечните 4-1.
Покрај Манчестер Сити во полуфиналето место обезбеди и Брентфорд кој со 1-0 го победи Њукасл.
Утре се играат другите два полуфинални меча, Стоук - Тотнем и Евертон Манчестер јунајтед.