Премиерлига

Манчестер јунајтед се уште ја чека првата победа на „Олд Трафорд“ одигра 0-0 против Челси (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед за прв пат по сезоната 1972/73 е без победа на три домашни натпревари на стартот на сезоната, „ѓаволите" вечерва одиграа 0-0 против Челси.

Дербито на „Олд Трафорд“ заврши без победник, Манчестер јунајтед и Челси одиграа 0-0. Во натпревар во кој двата тима повеќе мислеа како да не загубат, љубителите на фудбалот видоа многу борба и малку шанси.

Домаќините беа поконкретни, Менди три пати беше ставен на тест, Рашфорд два пати и еднаш Мата се заканија со удари надвор од шеснаесетникот, но голманот на Челси беше на висината на задачата и ја зачува својата мрежа.

Ремито против Челси за Манчестер јунајтед значеше израмнување на неславен рекорд стар 48 години. За прв пат по сезоната 1972/73, „ѓаволите“ се без победа на три домашни натпревари на стартот на сезоната.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе