„Росонерите“ нема лесно да се откажат

Манчестер јунајтед се приклучува во трката за Рафаел Леао, Милан бара најмалку 100 милиони

Медиумите од Италија пренесуваат дека Манчестер јунајтед се приклучува во трката за Рафаел Леао, Милан нема лесно да се откаже од Португалецот и бара најмалку 100 милиони евра.

Изминатиов период често имаше гласини дека ПСЖ сака да го ангажира Рафаел Леaо, „светците“ се подготвени да платат 70 милиони евра за услугите на Португалецот.

Последните информации велат дека во трката се приклучува и Манчестер јунајтед, но Милан нема лесно да се откаже од офанзивниот фудбалер.

Како што пренесува Газета дело Спорт, „росонерите“ ќе бараат најмалку 100 милиони евра за продажба на Рафаел Леао.

Милан исто така се надева дека Португалецот ќе стави потпис на нов договор, па така полесно ќе можат да одолеат на интересот од гигантите ширум Европа.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе