Договорот е раскинат со заемна согласност

Манчестер јунајтед потврди, Роналдо веќе не е член на клубот

Манчестер јунајтед потврди дека постигнале договор со Кристијано Роналдо за раскинување на договорот, тој веќе не е играч на тимот. 

Кристијано Роналдо нема да се врати во Манчестер јунајтед по интервјуто кое го даде за Пирс Морган, клубот соопшти дека на заедничка согласност му е раскинат договорот.
 
„Кристијано Роналдо го напушта Манчестер јунајтед на заедничка согласност, тоа стапува на сила веднаш. Клубот му благодари за неговиот огромен допринос во двата престоја на Олд Трафорд, постигнувајќи 145 голови на 346 натпревари, и му посакува него и на неговото семејство се најдобро во иднина“, стои во соопштението на англискиот клуб.
 
Се уште не се знае каде Роналдо ќе ја продолжи кариерата. Додека Португалецот е во Катар, неговиот агент Жорж Мендеш му го бара новиот клуб.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе