Поради контроверзното интервју

Манчестер јунајтед планира да му го раскине договорот на Роналдо и да го тужи

Манчестер јунајтед излезе со соопштение дека започнува со преземање на мерки кон Кристијано Роналдо по неговото интервју, но засега не објави конкретно за што точно станува збор.

Сепак, англиските медиуми шпекулираат дека Манчестер јунајтед ја разгледува можноста да му го раскине договорот на Кристијано Роналдо кој му истекува до крајот на сезоната.

Тоа значи дека Португалецот нема да ги добие преостанатите плати од договорот, сума која изнесува околу 16 милиони евра.

Плус, Манчестер јунајтед сака да го тужи Роналдо за делови од интервјуто во кои тој зборува против клубот.

Се зборува дека во Манчестер јунајтед не сакаат да го видат Роналдо и не сакаат тој да пристигне во тренинг центарот по завршувањето на Светското првенство.

Во меѓувреме неговиот агент, Жорж Мендеш му бара нов клуб каде Роналдо би требало да се пресели од јануари.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе