„Ѓаволите“ ќе заштедат голема сума

Манчестер јунајтед нема да му исплати нути една фунта на Роналдо

Манчестер јунајтед ја прекина соработката со Кристијано Роналдо, а како што пренесуваат медиумите, „ѓаволите" нема да му исплатат ниту една фунта на Португалецот и ќе заштедат 16 милиони.

По интервјуто со Пирс Морган, во кое изнесе сериозни критики на адреса на Ерик тен Хаг, семејството Глејзер и Манчестер јунајтед, стана јасно дека за Кристијано Роналдо нема иднина на Олд Трафорд.

Вечерва пристигна информацијата која сите ја очекуваа, „ѓаволите“ соопштија дека на взаемна согласност е раскинат договорот и Кристијано Роналдо повеќе не е играч на Манчестер јунајтед.

Како што пренесуваат медиумите, Манчестер јунајтед нема да му плати ниту една фунта на Кристијано Роналдо за предвремениот прекин на соработката. Португалецот има неделна плата од околу 500.000 фунти, па „ѓаволите“ ќе заштедат околу 16 милиони фунти до крајот на сезоната.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе