Комплетно заминува од англискиот клуб

Манчестер јунајтед му се заблагодари на Рангник, нема да биде ниту консултант

Ралф Рангник комплетно ќе се посвети на селекторската работа во Австрија, нема да биде консултант во Манчестер јунајтед како што претходно беше најавено.

Иако требаше да остане во улога на консултант во Манчестер јунајтед, сепак тоа нема да се случи, Ралф Рангник комплетно го напушти клубот.
 
Манчестер јунајтед преку официјално соопштение го потврди неговото заминување.
 
„Сакаме да му заблагодариме на Ралф Рангник за неговите напори како привремен тренер во изминатите шест месеци. Тој сега комплетно ќе се фокусира на неговата работа во националниот тим на Австрија и нема да има улога на консултант на Олд Трафорд. Му посакуваме многу среќа во следното поглавје од неговата кариера“, се вели во соопштението на Манчестер јунајтед.

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе