АТЛЕТИКО ЈА ДОБИВА БИТКАТА

Манчестер јунајтед ќе остане со „празни раце“ во намерата да го купи Гризман

Според пишувањата на Л'екип, Атлетико Мадрид успеал да го убеди Антоан Гризман да ја одбие огромната понуда на Манчестер јунајтед и да остане барем уште една година

Долго време се пишува дека Антоан Гризман е топ трансфер цел на „Црвените Ѓаволи“ и Французинот се најавува како првото големо засилување кое летоска ќе пристигне на Олд Трафорд.

Манчестер јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула на Антоан Гризман вредна 100 милиони евра, да го направи напаѓачот еден од играчите со најголема плата во Премиерлигата и да му го даде легендарниот дрес со бројот 7.

Медиумите од „Островото“ често најавуваа дека трансферот е договорен, но последните информации велат дека Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо би можеле да останат со „празни раце“.

Новинарот на реномираниот Л’екип, Билел Гази пишува дека Антоан Гризман ќе остане верен на Атлетико Мадрид и покрај огромната понуда од најтрофејниот клуб од Англија.

Диего Симеоне наводно успеал да го убеди напаѓачот да остане во Атлетико Мадрид барем уште една година.

Како адути се новиот стадион на кој следната сезона ќе настапуваат „Колчонероси“, а на Гризман исто така му било ветено дека во форот како партнер ќе го има сонародникот Александре Лаказет.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе