„Ѓаволите“ се помириле дека ќе останат без ЦР7

Манчестер јунајтед ја одреди цената на Кристијано Роналдо

Новинарот Бруно Андраде пренесе дека Манчестер јунајтед ја одредил цената на Кристијано Роналдо, „ѓаволите" бараат 15 милиони евра (13 милиони фунти) за да седнат на маса и да преговараат за трансфер.

Кристијано Роналдо изминатиов викенд достави барање за трансфер, во прв момент се пишуваше дека Манчестер јунајтед нема намера да го продаде напаѓачот.

Сепак, Португалецот во понеделникот не се пријави на тренинг, официјалното образложеие е семејни причини, но многумина сметаат дека ова е само притисок за трансфер. Никој не знае кога ЦР7 ќе се врати на тренинг и се говори дека тој нема да биде дел од експедицијата на „ѓаволите“ која во петок ќе замине на турнеа.

Новинарот Бруно Андраде сега пренесе дека Манчестер јунајтед подлегнал на притисокот и ќе прифати продажба.

„Ѓаволите“ бараат околу 15 милиони евра (13 милиони евра) за да седнат на маса и да преговараат за трансфер.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе