Премиерлига

Манчестер јунајтед и Челси одат во Лигата на шампионите, Лестер не успеа (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 2-0 победи на гостувањето кај Лестер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите каде што се пласира и Челси по триумфот над Вулвс, Тотнем обезбеди место во Лига Европа, а Астон Вила се спаси од испаѓање. 

Последното коло во Премиерлигата решаваше за местата во Европа и за опстанок во елитното натпреварување, најголем губитник беше Лестер кој речиси цела сезона беше меѓу четирите најдобри и на крајот заврши на петтото место.
 
Манчестер јунајтед со голови на Бруно Фернандеш од пенал во 71. минута и Лингард во судиското продолжение го победи Лестер на негов терен со 2-0 и заврши на третата позиција на табелата.
 
Четврти е Челси кој со 2-0 го победи Вулверхемптон, двата гола беа постигнати во судиското продолжение од прво полувреме. Најпрво погоди Маунт од слободен удар, а потоа и Жиру.
 
Тотнем одигра 1-1 на гостувањето кај Кристал Палас. Кејн донесе водство уште во 13. минута од мечот, Шлуп по седум минути игра во вториот дел изедначи. Овој бод беше доволен за тимот на Мурињо да го помине Вулвс и да обезбеди место во Лига Европа.
 
Астон Вила одигра 1-1 на гостувањето кај Вест Хем, тој бод им беше доволен за опстанок затоа што Ватфорд загуби со 3-2 на гостувањето кај Арсенал. Два гола за топчиите постигна Обамејанг, еден реализираше Тиерни.
 
Давид Силва го одигра последниот меч во Премиерлигата, Манчестер Сити со 5-0 го совлада Норич. Два гола постигна Де Брујн, по еден реализираа Габриел Жесус, Стерлинг и Махрез.
 
Ливерпул со триумф од 3-1 на гостувањето кај Њукасл ја заврши шампионската сезона. Ван Дајк, Ориги и Мане ги постигнаа погодоците за црвените.
 
Саутемптон со 3-1 го победи Шефилд јунајтед, со истиот резултат Борнмут славеше кај Евертон, а гостинска победа забележа и Брајтон кај Барнли со 2-1.
 
Лига на шампиони: Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Челси
Лига Европа: Лестер, Тотнем
Испаѓаат: Борнтму, Ватфорд и Норич.
 
Доколку Челси го победи Арсенал во финалето од ФА Купот, место во Лига Европа ќе обезбеди и Вулвс, во спротивно таму ќе одат топчиите.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе