Делегација на „ѓаволите“ синоќа отпатува во Барселона

Манчестер јунајтед и Барса договориле трансфер на Де Јонг вреден 85 милиони евра, но има еден проблем

Новинарот Ориол Доменеш објави дека Манчестер јунајтед и Барселона синоќа договориле трансфер на Френки де Јонг вреден 85 милиони евра (фиксен дел + бонуси) но во моментов играчот не сака да го напушти Камп Ноу.

Генералниот извршен директор на „ѓаволите“, Ричард Арнолд и директорот за фудбал, Џон Мурто синоќа пристигнаа во Барселона и се сретнаа со Матеу Алемани, Џорди Кројф и Рафа Јусте.

Како што пренесува новинарот Ориол Доменеш, на состанокот паднал договор за трансфер на Фреки де Јонг, двете страни си подале рака за зделка вредна околу 85 милиони евра (фиксен дел + бонуси).

Но во моментов има еден проблем, Френки де Јонг не сака да го напушти Камп Ноу. Одредени извори велат дека Барселона на Холанѓанецот му должи околу 20 милиони евра како плата и бонуси од периодот кога клубот беше силно погоден од ковид-19 пандемијата и тој бара да се реши ова прашање пред да одлучи за трансфер во Манчестер јунајтед.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе